Со средства кои ги обезбедивме преку Министерството за финансии како грант од ЕУ за подобрување на руралната инфраструктура се поставуваат фотоволтаични инсталации на кровните конструкции на три училишни објекти во градот, го осовременивме возниот парк во ЈП Комуналец,набавени се 5 возила за само еден месец, ги отплаќаме долговите направени од претходното недомаќинско работење. За овој период како локална власт инвестиравме во повеќе од десет улици и овде не застануваме, порача градоначалникот Борјанчо Мицевски на вечерашната средба со жителите на населбата Трешен Дол (Ратко Минев).
Мицевски информираше и за набавката на дваесет нови контејнери за потребите на ЈП Комуналец како и за огромни инвестиции во патниот и желзеничкиот сообраќај.
– Изградба на втората делница од железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка над 150 милиони евра, изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка од околу 56 милиони евра, изградба и рехабилитација на третата лента кон ГП Деве Баир во висина од 13 милиони евра, рехабилитацијата на постоечкиот патен паравец од Ранковце кон Крива Паланка во висина од 10 милиони евра.
Градоначалникот Мицевски инфомрира дека се завршени активностите во делот на регионалните патни правци кон селата Огут и Луке како и во реконструкција на локални улици низ градот.
Тој ги повика насобраните жители од населбата на 21 април да го направат вистинскиот избор,глас за Стево Пендаровски,кандидат на СДСМ и Коалицијата,натпартиски човек,европски и непоколеблив и заедно напред да продолжиме за стабилна и европска држава.
Претседателката на Советот Изабела Павловска,зборуваше за придобивките кои ќе ги добие земјава со членство во Нато и ЕУ,социјална сигурност и просперитет.
– Сите ние сакаме одобар живот затоа треба да покажеме дека сме цврсто решени и заедно да го трасираме патот кон Европската Унија и НАТО. Да се обединиме во заедничките цели, брз развој и перспективна иднина за нашите млади,порача Павловска.
Таа ги повика кривопаланчани да гласаат за Стево Пендаровски зашто, тој е вистинската личност кој доби поддршка од 31 партија, од разни етнички заедници, човек во кој луѓето препознаа чесност, скромност и умешност.
-Конечно треба да ги оставиме поделбите зад нас и сите да се обединиме заедно за брз напредок и сигурна иднина за нашата земја. На 21 април решаваме дали ќе продолжиме да одиме напред кон подобар живот или ќе се вратиме назад кон поделби и изолација, затоа секој од нас треба да тргне напред, по вистинскиот пат и да ја водиме државата кон подобро утре,порача Павловска.
ОО на СДСМ Крива Паланка ги покани граѓаните да присуствуваат на 14 април на Централниот митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој ќе се одржи во Скопје со почеток во 14 часот а го најави и митингот кој ќе се одржи утредента на 15 април со почеток во 17.30 часот.
Инаку,Општина Крива Паланка продолжува со реализација на големата еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“ а во која земаат масовно учество бројни жители на градот со цел за чиста здрава средина. Н асредбата беше кажано дека четвртата реонска акција ќе се реализира во недела на 14 април во реонот на населбите Белево и Грамаѓе.