„Ротари Клуб“ – Штип донираше заштитна опрема за персоналот на Клиничка болница Штип

Ротари Клуб Штип донираше заштитна опрема за персоналот на Клиничка болница Штип во борба против COVID 19. Ротари Клуб Штип ги поддржува здравствените работници кои се на прва борбена линија со овој вирус.
Донацијата се состои од 90 скафандери за повеќекратна употреба, 200 заштитни маски KN95 и 900 заштитни маски за повеќекратна употреба. Со оваа акција Ротари Клуб Штип се придружува на останатите општественоодговорни компании и здруженија од Македонија во борбата против пандемијата.

– Со оваа донација Ротари Клуб Штип дава свој придонес во борбата против пандемијата предизвикана од COVID 19 која ја зафати и нашата земја и заедница. Борбата против болестите е една од основните области на делување на Ротари. Ние како клуб и членовите на клубот вложуваме напори да му помогнеме на медицинскиот персонал да се справи со овој предизвик наречен COVID 19. За таа цел е и нашата донација во медицинска опрема за персоналот на Клиничка болница Штип. Нашиот клуб и понатаму ќе презема активности и иницијативи за борба против ова зло. Во ова прилика им се заблагодарувам на компаниите кои ја помогнаа нашата донација и тоа: Линеа, Мегапласт, Фруктана, Нирвана Фешн, Албатрос, Кафе Вендинг Технологија…Изјави Горан Митев, Претседател на Ротари клуб Штип.

Ротари Клуб Штип како дел од Ротари Интеранционал е формиран во 2017 година и досега реализираше повеќе проекти во корист на заедницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e