РЕВИЗИЈАТА ОТКРИВА: Кандидатот за пратеник на ДПМНЕ Крушево го оштетила буџетот на училиштето

ВМРО – ДПМНЕ за каднидат за пратеник од општина Крушево има ставено кандидат за кој Државниот завод за ревизија констатирал дека постапила спротивно на законот за јавни набавки и набавила тепих во износ од дури 87. 000 денари преку фактура.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, на својот „Фејсбук“ профил објави извадок од ревизија на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево во која стои дека тогашната директорка, а денес кандидат за пратеник од ВМРО – ДПМНЕ од Крушево набавила тепих во износ од над 87 000 денари без тендерска постапка и го оштетила буџетот на училиштето.

Во 2013 година Билјана Проеска беше разрешена од позицијата директор на гимназијата од тогашниот градоначалник на општина Крушево од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Дамчески заради низа нерегуларности кои се утврдиле преку спроведена ревизија во крушевското средно училиште. Набавката на тепих, кој не се знае за какви потреби бил набавен и каде завршил, била само една од причините за разрешувањето на денешанта кандидатка за пратеник на ДПМНЕ.

„Примена и исплатена фaктура бр. 60 во износ од 87.804,00 ден. од 29.08.2009 година од ПРОСПЕРО ДООЕЛ за набавка на теписон. Бидејќи сумата е поголема од дозволената според законот за јавни набавки во тековната година, потребно е постапка за јавна набавка“, стои во извештајот на ревизијата.

По објавувањето на овој исечок крушевчани на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство од кандидирањето на личности кои имаат сомнително минато и прашуваат како ќе ги претставува граѓаните кога била разрешена од своите.

***Исправка: Ревизијата која е направена не е од страна на државниот завод за ревизија туку од внатрешна реевизија на општина Крушево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e