Првична средба на градоначалникот Мицевски со дел од месните заедници

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, денеска одржа првичен состанок со дел од претставниците на месните заедници од општина Крива Паланка.

Во своето обраќање пред присутните Мицевски рече:

–Идејата за иницирање на овој тип на средба,  пред се доаѓа од мојата изборна програма, како  и од чувството на одговорност и обврска на човек кој ја превзема функцијата Градоначалник на општината. Мојата намера е да оствариме подобар линк, зголемена  комуникација и унапредена соработка во областите кои ќе бидат ваши потреби и приоритети.

Со доаѓање на градоначалникот Мицевски,  во општината се создаде и нова клима за возобновување и унапредување на месните заедници, како битен елемент на локалната самоуправа со што се овозможува на граѓаните да придонесуваат за нејзино подобро функционирање во целина како и непосредно да ги согледуваат проблемите на заедничкиот живот, да расправаат за можностите за нивно решавање, да донесуваат одлуки и да здружуваат средства и непосредно да се ангажираат во спроведувањето на заеднички донесените одлуки.

Градоначалникот нагласи дека во постапката за основање, како и во  понатамошното функционирање на месните самоуправи, општинската администрација секогаш ќе биде во координација со нив и сите иницијативи и активности ќе бидат помогнати и поддржани, со стручна, техничка и материјална подршка од  општината.

На средбата се договори временската рамка за остварување на состаноците за основање на месните заедници и избор на нови раководства, конкретниот начин на комуникација со општинската администрација  како и  соодветната техничка и стручна помош што ќе ја обезбеди општината.

Untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e