Проширување на дел од патот кон црквата Св. Никола во кривопаланечкото село Трново

Продолжуваат градежните работи на дел од патот во село Трново кој води кон комплексот на црквата Св. Никола и одморалиштето „Трновски Ветар“.

Во моментот со специјализирана механизација се спроведува кршење на карпите со цел проширување на овој пат, ублажување на свиоците и добивање на поголема прегледност, што  претставуваше сериозна потреба и неминовност.

Во зависност од временските услови се очекува патот да биде расчистен во текот на наредните неколку дена. Во моментот  истиот е во прекин.

По завршувањето на оваа активност следува тампонирање и асфалтирање на патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e