Пронајден е автомобилот со кој беше прегазено четиригодишното дете, вчера попладне во Струмица, а возачот е во бегство, соопшти синоќа портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.
Несреќата се случи околу 17.40 часот на улицата Никола Тесла во Струмица, кога возилото удрило во детето. По укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица, четиригодишникот заради карактерот на повредите е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од полицијата во присуство на јавен обвинител.