Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривични дела „убиство во обид“ по чл.123 вв чл. 19 од КЗ на РСМ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по чл. 383 од КЗ на РСМ против А. С. (35) од село Горно Коњари-скопско. На 03.04.2020 во 13:00 часот било пријавено дека во село Горно Коњари-скопско по претходна расправија помеѓу А.С.(35) од село Горно Коњари и О.А.(48) од село Долно Коњари, А.С. со нож му нанел убодна рана на О.А. во пределот на стомакот. О.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По пријавување на настанот од полициски службеници излезено било на местото на настанот и при приведување на А.С. од неговиот дом, тој со нож ги нападнал.