Приведен крадец од Крива Паланка

Поради сомнение за извршена „тешка кражба“ во куќа во населбата Илинден, од слобода бил лишен дваесет и едногодишниот Н.В. од Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било приведено во текот на вчерашниот ден за дело кое го сторил минатиот месец.

– Н.В. е приведен во полициска станица, со него беше извршен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e