Прилеп домаќин на Пивофест од 18-21 јули – Кој ќе ги забавува гостите освен Цеца

Од 18 до 21 идниот месец прилеп традиционално ќе биде домаќин на најдобриот и најпосетуван фестивал на пивото и скарата на овие балкански простори.

По повеќе анкети и анализи според локалните власти и оваа година локацијата каде што ќе бидат сместени над 20 штандови за пиво и скара останува во центарот на градот, а се очекуваат гости од Србија, Бугарија и Грција.

На четирите фестивалски денови покрај пиво и скара ќе има и топ забава до раните утрински часови.

Меѓу другите се и Селимова – Желчески, Галија, Кантурови, Цеца, Влатко Стефаноски,па Тамара Тодевска, Кал Бенд, Нови Фосили, Сирилик и многу други.

Организаторите тврдат дека Пивофест е во понудите на туристичкиот сојуз, стопанската комора и во други организации кои треба да го дадат својот придонес во афирмацијата на Пивофест и надвор од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e