Претепан кумановец извадил нож и прободел еден од напаѓачите

Вчера околу 21:00 часот пријавено е дека во кафе бар на улица „3-та Македонска ударна Бригада“ во Куманово, по вербална расправија, А.А.(32) и Ш.Ј.(20), двајцата од Куманово, физички го нападнале Б.И.(32) од Куманово.

Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го прободел А.А. во пределот на стомакот.

А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И. кој се здобил со тешки телесни повреди.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e