Прегазена жена во Скопје итно однесена на Клиника

Жена прегазена од автомобил во Скопје се здобила со тешки телесни повреди, информира МВР.

Вчера во 09:20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „12-та Македонска Бригада“ со улицата „Димитар Туриманџовски“ патничко моторно возило „Фолксваген венто“ со кумановски регистерски таблици управувано од 35-годишниот Д.С. од село Лопате-кумановско, удрило во 41-годишниот пешак О.Ц. од Скопје.

О.Ц. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e