Во 11.32 часот на улица „Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот С.Д. од село Чифлик, скопско, удрил во пешак.
Се работи за 79-годишниот Б.В. од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.