Вечерва над Дебар избувна пожар, може да се види од фотографиите кои ги доби Либертас. Очекуваме повеќе информации за пожарот.
Претходно денеска Владата на седница утврди дека ќе се воведе кризна состојба во дел од територијата на Република Северна Македонија токму во општините Дебар и Центар Жупа, откако кај дополнителни четири лица од овие општини е потврден коронавирус.
Со овие четири случаи вкупниот број заболени во државава изнесува 13.
Градот е во карантин и се поставуваат барикади кои го ограничуваат влезот и излезот од градот.