Повторно жртва на македонските патишта – Маж загина на лице место

– Во 12:20 во ОВР Демир Хисар е пријавено дека патничко возило „фиат” со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот во месноста викана Крбла, во атар на село Сопотница, демирхисарско.

Во сообраќајната незгода на лице место загинал возачот Љ.Б.(52) од село Жван, демирхисарско, информираа од битолската полиција.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош-Демир Хисар, а сопатникот Д.Г.(60) од истото село се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e