Потпишан меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу Крива Паланка и Дупница

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и градоначалникот на општина Дупница, Методи Чимев потпишаа Меморандум за развој и унапредување на спортот помеѓу двете општини. Активноста се спроведува во рамки на проектот „Споделени вредности – споделена Европа”, финансиран од програмата Европа за граѓаните на ЕУ, кој што се имплементира во партнерство помеѓу општина Дупница, општина Крива Паланка и Центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка.

52313856_10156073263817196_8071579700624883712_n

Во рамки на проектот предвидена е тридневна меѓународна конференција, која започна на 18 февруари со учество на градоначалниците, претставници на општинската администарција и на советите на двете општини.   Во текот на вториот и третиот ден на конференцијата ќе учествуваат претставници од локални институции, организации и други субјекти од областа на спортот, кои што ќе дискутираат на најразлични теми во контекст на спортот и унапредување на условите за одвивање на спорт.

51736375_10156073263782196_8659034770342150144_n

Потпишаниот меморандум за соработка на полето на спортот помеѓу двете општини во иднина ќе резултира со низа заеднички проекти и иницијативи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e