Полициска акција во Прилеп: Запленети 48 килограми хашиш и марихуана

Околу 48 килограми дрога од кои 15 килограми хашиш и 33 килограми марихуана се запленети, а три лица се проведени синоќа во полициска акција во прилепското село Дебреште.

Портпаролот н МВР Тони Ангеловски изјави дека во акцијата учествувале полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со прилепското Јавно обвинителство.
droga Prilep1– На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за кој е утврдено дека бил организатор на транспортот. Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал, рече Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e