Погребална опрема „Корона“ во Куманово

Телевизијата Алсат, во вечерашното издание на вестите од 23 часот, пренесувајќи ја атмосферата на почетокот на 56-часовниот полициски час од Куманово, емитуваше инсерти на кои можеше да се прочита терминот „Корона“ како име за фирма чија дејност се погребални услуги.

Од колегите од Алсат дознаваме дека „рекламата“ била истакната на погребално возило.

Проверките кои рано утрово ги направи „360 степени“ покажуваат дека не станува збор за хумор, ниту пак за намера поврзана со епидемијата на коронавирусот. Напротив, во прашање е случајност.

Според податоците од Централниот регистар, во Куманово навистина постои компанија која се занимава со погребални услуги и која го носи името „Корона“ или поточно „Друштво за производство, трговија и услуги КОРОНА ЕКСТРА ДООЕЛ“. Компанијата е регистрирана во август 2011 година и досега не го менувала името. Од 2013 година, според податоците од Централниот регистар, главна дејност на фирмата се погребни и други услуги.

Според регистарот на фирми, во моментов во Македонија има 48 правни субјекти кои го содржат името „Корона“ во својот назив, од спортски клуб до компании за градежништво. Називот најчесто може да се најде кај фирми за трговија и кај неколку стоматолошки ординации низ земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e