Почнува со работа новоизградениот зелен пазар во Берово

Од утре, градскиот пазар во Берово, се враќа на старото место, во новоизграден модерен објект.

Берово добива модерен зелен градски пазар, на површина од 1.800 метри квадратни, кој се состои од три модули – два продажни и еден влезен дел.

Во изминатиот период ЈПКР ,,Услуга” работеше на поставување на тезгите и на реконструирање на тоалетите, а продавачите и посетителите, конечно од утре, ќе можат да користат современи услуги на пазарење.

Архитектурата е во амбиентален стил со дрво и камен, а средствата за изградба на овој современ објект, општината ги доби преку грант од Светска Банка кој се спроведува преку Министерството за финансии и е наменет за подобрување на условите во руралните средини.

3

4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e