Починатиот 44 годишен маж кој бил позитивен на коронавирус бил градежен работник од Албанија кој престојувал во Кавадарци во изнајмен стан каде што живеел сам. Тој од 31 март престанал да оди на работа, а се претпоставува дека веќе три дена бил починат.
Кај него постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во Центарот за јавно здравје во Кавадарци за НОВА потврдија дека се пронајдени луѓето со кои контактирал, земен е брис за тестирање и ставени се во изолација од 14 дена.