Благој Бочварски од СДСМ е новиот градоначалник на Штип. Бочварски во вториот круг го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев.
Според првичните неофицијални информации, кандидатите на СДСМ и коалицијата извојувале победа и во општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Новаци и Старо Нагоричане.
Исто така, од момент во момент како пристигнуваат резултатите од другите општини покажуваат водство на СДСМ и коалицијата и во останатите општини каде се одржува втор круг на гласање.