После 15 години, Советот на општина Велес го донесе ДУП-от за изградба на Затворен Градски пазар.
-По околу 15 годишна макотрпна постапка, а по добиената согласност од Министерството за транспорт и врски, донесен е ДУП кој го опфаќа подрачјето околу Градски пазар.Ова е важен настан, затоа што ни овозможува веднаш да ја отпочнеме постапката за реконструкција на градскиот пазар, за што имаме обезбедени 40 милиони денари од Влада на Р С Македонија и да отпочнеме со постапка за проектирање и изградба на КАТНА ГАРАЖА, на паркингот до Меѓуградска автобуска станица. – информира градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
-Јавно им се заблагодарувм на министерот Сугарески, на неговиот тим и на советниците од коалицијата предводена од СДСМ. Жал ми е што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ја препознаа важноста на планот и го бојкотираа гласањето. – соопшти Коцевски порачувајќи дека го исполнуваат ветеното пред граѓаните.