Пешак загина во сообраќајка во тетовско

Г.М. (61) загина синоќа во сообраќајка на регионалниот пат Тетово- село Теново.

Патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е. (60) од село Милетино удрило во Г.М. од село Радиовце.

Пешакот добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e