Пешак удрен од „лада караван“ тешко повреден

Во текот на вчерашниот ден во 13.30 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, Б.Г.(48) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Лада караван“ со кавадаречки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Т.(66) од Глишиќ, кавадаречко, и го напуштил местото.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на место извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e