“Добравечер Крива Паланка !!!
Почитуван премиер, почитуван министер и наш сограѓанин, почитуван иден градоначалник, почитувани сопартијци, активисти, поддржувачи, пријатели, мои сограѓани !!!
Во името на целата советничка листа и сите присутни што се тука со нас, на самиот почеток голема благодарност и срдечно ДОБРЕДОЈДЕ до нашиот премиер, нашиот херој, Зоран Заев !!!
Премиере, како социјалдемократи се гордееме со Вашата храброст, умешност и трпеливост што ја покажавте во водењето на најтешкиот политички процес кој резултираше со пад на режимот на Груевски.
Но горди сме и со изборот на нашиот сопартиец и сограѓанин за Ваш шеф на кабинет и Министер во Владата на Р.М. Горди сме на нашиот Љупчо Николовски! Докажан и неуморен борец, правичен и чесен, вистински професионалец.” – рече носителката на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Изабела Павловска на митингот во Крива Паланка.
“Како жена носител на советничката листа, можам да искажам една голема благодарност на мојот СДСМ и целата коалиција што покажа дека жената зазема еднакво место, не постои родова дискриминација, дека вложениот труд и енергија се вреднува!
Искреноста, посветеноста и несебичноста се цени!!!
Привилегија и чест е да си носител на ваква советничка листа составена од искрени и чесни луѓе, докажани секој во својата професија. Ова е листа на спој од авторитет и искуство, младост и енергичност, искреност и чесност!!!
Листа во која секој, до последниот заслужува да биде прв!!!
Ова е победнички тим предводен од идниот градоначалник Борјанчо Мицевски !
Ве молам со еден аплауз да го поздравиме човекот кој ќе ги донесе промените во Крива Паланка,човек со морални вредности, работлив, скромен, семеен, истраен!
Заедно со идниот градоначалник нудиме програма која секојдневно ја презентираме пред секој поединец, во секое маало, во секоја населба.
Нудиме конкретни решенија, нашата општина да стане место каде што може подобро и поубаво да се живее!
Општина од која нема да се иселуваат младите!
Почитувани, ова е тимот кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани на нашата општина, ова е тимот кој нема да прави делби и поделби. Ќе ги следи постапките на централната власт и ќе покаже дека – Зборот е збор!
Да ја крунисаме нашата победа на 15 октомври, со заокружување на бројот 19 за кандидатската советничка листа и број 19 за идниот градоначалник на нашата општина, затоа што ни е потребен – Живот во Крива Паланка за сите!!!” – потенцира Павловска.