Паркови и зеленило интензивно ги уредуваат зелените површини во Крива Паланка

Нови 120 саксии со хризантеми се поставени на канделабрите на главната улица во општина Крива Паланка, а вработените во секторот паркови и зеленило интензивно работат на уредување на зелените тревни површини во градот.

Одговорните од Секторот паркови и зеленило на Јавното претпријатие „Комуналец“ истакнаа дека ова е меѓу последните косења во текот на
есента.
– Нашите вработени ги косат тревните површини во кејот на Крива Река, покрај рокерско-велосипедската патека, покрај т.н “Пазарска патека”, на градскиот стадион, кај спортскиот комплекс во градот, а доколку има топли периоди може до крајот на есента ќе се реализираат уште неколку етапи за косење. Цвеќето на канделабрите на главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ е заменето со нови, есенски цвеќа,хризантеми, а уредени се и цветните форми и останатите уредени зелени косини на двете клучки на магистралниот пат А2 на влезот и излезот од градот, како и наспроти ООУ „Ј.Крчовски“, покрај магистралата, кај м.в Стар пролетер, кај комплексот згради за домување во повеќе населени места, изјави Драги Пејчиновски, раководител на сектор Паркови и зеленило во ЈП Комуналец, Крива Паланка.

Пејчиновски нагласи дека е изготвена предлог-програма за работа за претстојната 2021 година, во која се планира подигнување нови зелени
површини, согласно законот, 10 проценти од урбанистичкиот план за наредната година.
-Продолжува уредување и култувирање на површината на двете страни на Крива Река, во продолжение на досега уредените реони, а ќе се уредат нови цветни форми и зеленило во градскиот парк што се гради. Секторот работи и на чистење смрт од зелените површини во градот и долж пешачко-рекреативната патека на “Стара вада”, додаде Пејчиновски. Во оранжериите на ЈП Комуналец веќе се посеани 4.000 љубичици кои се доспеани за расадување во саксии,од каде ќе се посадат во цветните форми низ градот, а во тек е сеење семе на останати сезонски цвеќа што ќе се одгледуваат за потребите на реализација на предвидените активности за 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e