Ова се најдобрите трговски објекти во Скопје за 2020 година

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности, во рамките на традиционалната манифестација „Месец на трговијата 2020″, која годинава се организира по 14–ти пат.

Како што информираат од Град Скопје, овој проект се организираше во периодот од 1 ноември до 30 ноември 2020 година. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени според примарните критериуми, кои оваа година поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми.

– Помеѓу критериумите беа: изглед на продажното место, прв контакт, COVID – 19 критериуми, услуга кон купувачите, продажни вештини, нудење дополнителни производи, и завршен контакт, велаат од Град Скопје

Категориите според кои што беа наградувани трговските објекти се: „Апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома“, „Модни додатоци и накит“, „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“, категорија „Парфимерии и козметика“, „Салони за мебел“, „Супермаркети“, „Бутици“ и категорија „Домаќинство“.

Добитници на наградите се:

Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“

Сетек
Техномаркет
Нептун
Категорија „Модни додатоци и накит“

SWAROVSKI
Miss Spice
Tesoro
Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“

Телекомпродавница
ANHOCH PC Market
I Style
Категорија „Парфимерии и козметика“

L’ OCCITANE
Ри – Ма
MAC cosmetics
Категорија „Салони за мебел“

Кристина Дамил
Југоекспорт Стил
Акрон
Категорија „Супермаркети“

Рамстор
Рептил
Гранап
Категорија „Бутици“

KOTON
Springfield
Sara fashion
Категорија „Домаќинство“

Coin Casa
LUSSO
VICKO
Проектот „Месец на трговијата“ произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2020 година. а

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e