Отворено Европското првенство во шах во Општина Аеродром

Градоначалникот Златко Марин заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски го направија првиот шаховски потег и со тоа го означија стартот на Европското поединечно шаховско првенство, што се одржува во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Општина Аеродром.
Агенцијата за млади и спорт, Општина Аеродром и Шаховската федерација се погрижија овој настан да биде еден од најдобро организираните меѓународни натпреварувања во нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e