М.М. во својство на директор во СОУ“ Ѓорче Петров“ Крива Паланка (разрешен со Решение од 12.05.2017 година) во период од септември до крајот на декември во учебната 2014/2015 година во континуитет ја злоупотребувал службената положба и овластување на начин што за 24 редовни ученици, без никаква документација, без согласност и изјава од родител старател ги внел во список на ученици кои користат организиран бесплатен превоз од место на живеење до училиштето и обратно за 2014/2015 година.
За учениците од страна на МОН му биле редовно префрлувани парични средства во вкупен износ од 149.043 денари, утврдено според Договор за јавна набавка на услуги –превоз на ученици склучен помеѓу општина Крива Паланка, СОУ „Ѓорче Петров“ и АД „Пролетер“ од Конопница, Крива Паланка.
Иако знаел дека од СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за наведените 24 ученика биле издадени Потврди сите заведени под деловодни броеви на Барање на учениците заради сместување во дом не извршил корегирање на списоците на учениците кои користат превоз и ваквите списоци ги доставил до Секторот за образование во Општина Крива Паланка од каде, пак, тие се доставени до превозникот АД „Пролетер“ село Конопница, а истото правно лице изготвувало фактури секој месец за извршен превоз, стои во соопштението од МВР.