На 17 Октомври, 2017 година, заврши четвртиот квартал од имплементацијата на Проектот бр. СВ006.1.12.042 “Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион”, финансиран од страна на Интеррег-ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија преку договорот за грант РД-02-29-212 / 17.10.2016. Периодот за спроведување на проектот е 18 месеци.
Партнери во проектот се: Општина Ранковце (Република Македонија) – Водечки партнер и Општина Бобов Дол (Република Бугарија) – Партнер на проектот 2.
И во двете општини работите напредуваат добро и градежните активности се сосема при крај.
Во Општина Ранковце се оддржа третата работна средба помеѓу проектните тимови на двете општини. На средбата се дискутираше и за веќе предлог заедничката стратегија за спречување на ризиците од поплави која ќе биде проследена до соодветните државни и локални институции заради одобрување.
Во наредниот период е превидено согласно динамиката да се изработи брошура врз основа на заедничката стратегија за спречување на ризиците од поплави и да се направи кампања за подигање на свеста за заштита на околината во училиштата во двете општини.
Проектот се спроведува во согласност со распоредот и финансиската рамка, како и во согласност со условите и одредбите од договорот за грант.