Општина Пробиштип го доби првото, од вкупно трите, нови возила за собирање смет

Општина Пробиштип преку проектот “Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во источен и североисточен плански регион” денес го доби првото возило за собирање на отпад.

11
Со проектот предвидено е до крајот на месецот општината да ги добие и останатите две возила.
Проектот е финансиран со средства од ИПА програмата за регионален развој на Европската унија.

22
-Со новите 3 возила отпадот од општина Пробиштип ќе се носи директно до регионалниот центар за преработка на отпад во село Мечкуевци. Дополнително преку проектот општина Пробиштип ќе добие и садови за собирње на отпад со различен волумен. Со ова целосно го менуваме возниот парк на ЈКП “Никола Карев” и создаваме услови за нова реорганизација за изнесување на отпадот на територијата на општина Пробиштип. – соопшти градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов.

33

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e