Денес Општина Крива Паланка го доби првото возило од 10м³ преку Проектот ,,Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во источен и североисточен плански регион” финансиран со средства од ИПА програмата за регионален развој на Европска Унија, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
„Со уште 2 возила кои треба да стасаат за десетина дена ќе овозможи современ начин на собирање и третирање на отпадот во општината“, посочи Мицевски.
-Покрај набавката на возила општина Крива Паланка ќе добие 192 сада за отпад и ќе пристапи кон затворање на постоечката депонија во с.Конопница, нагласи Мицевски.