Општина Кисела Вода: Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ имаа едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски

Денес во просториите на Општина Кисела Вода ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од село Драчево остварија едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски.

IMG_4956

Градоначалникот Филип Темелковски заедно со секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ ги запознаа учениците со функционирањето на локалната самоуправа.

Децата имаа можност од градоначалникот да добијат одговори на нивните прашања, како и да ги посочат и недостатоците во нивното училиште. Градоначалникот Темелковски вети изнаоѓање на решенија за посочените проблеми.

IMG_4844

На крајот Темелковски ги покани учениците на повторна средба во Општината и кажа дека во периодот што следува ќе го посети нивното училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e