Општина Карпош: Крводарителска акција – “Капка крв за живот плус”

Во духот на солидарноста и хуманоста по повод 41. роденден,  Општина Карпош в понеделник (06.11.2017) ќе ја спроведе 13-та по ред крводарителска акција, која традиционално ја организира со поддршка на Црвениот Крст на Република Македонија.

За таа цел, ќе бидат приспособени два крводарителски пунктови во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ и во просториите на надвозникот „Влајко“, каде хуманите граѓани ќе можат да даруваат крв во периодот од 10 до 17:30 часот.

Krvodaritelska akcija 2017 plakat(7)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e