Општина Делчево: Се засадуваат пролетни цвеќиња

Нови цвеќарници, саксии и нови цветни аранжмани ќе добијат зелените јавни површини во централното градско подрачје. Деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ од Секторот за паркови и зелени започнаа со акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и нивна декорација.

59350644_2453286551348712_4881992924822241280_n

Во рамките на Годишната програма за работа на претпријатието, планирано е да се засадат околу 3.500 пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл., дел од овие цвеќиња се произведени од сопствениот расадник на претпријатието. Според информациите од Секторот за паркови и зеленило пролетни цвеќиња се засадуваат на јавните површини во парковите, пред Комерцијална банка, пред Стопанска банка, паркот во Ново Делчево, кај новата црква и пред општинската зграда.

57426249_2453286541348713_3631561295930589184_n

59267315_2453286681348699_409083772244328448_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e