Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин се сретна со претставници на здружението на граѓани за лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“. На средбата присуствуваа заменик претседателот Јасна Мандиќ и Катерина Ивановиќ, кои го запознаа градоначалникот Марин со својата работа и договорија продолжување на соработката. Општината и понатаму ќе дава финансиска помош, и ќе продолжи да му отстапува на здружението простории за користење.
На лицата со посебни потреби им е неопходна постојана поддршка, а се често запоставувани од институциите. Општината ќе работи активно за да овозможи инклузија во образовниот процес и секојдневното живеење.
„Инклузијата на лица со попреченост отсега ќе има важен дел во планирањето на буџетот и идните активности во општината. Потребни се конкретни мерки, кои вклучуваат адаптација на постојните образовни институции и овозможување соодветни услови. Планираме блиска соработка со здруженијата и граѓанските иницијативи, кои работат на ова поле.“ – изјави градоначалникот Златко Марин.