ОГЛАС за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица

Проектот за управување со сливот на река Струмица има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и целокупното сливно подрачје. Во партнерство со локалните земјоделски производители, Проектот ќе спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со поголем број партнери на локално и национално ниво.
Целосниот оглас може да го видите на следниов линк.
Пријава за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица, градинари – линк.
Пријава за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица, овоштари – линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e