Објектот на кривопаланечката детска градинка Детелинка после 40 години со нов лик

Временските услови овозжожуваат градежните активностите за рехабилитација на објектот на детската градинка Детелинка да течат со несмалено темпо. Имено по промената на кровот, течат активностите за изградба на термоенергетска фасада и промена на целокупната столарија и тоа по цели 40 години. – информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Во текот на вчерашниот ден обиколка и увид во работите направија претставници од канцеларијата на УНОПС со раководителката  Шерифе Исмаили Касапи. Се работи за финансиска помош од околу 90.000 долари со која ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот и условите за сместување на околу 200 дечиња.

Ова е трета активност на овој објект за само неколку месеци, по што се очекува распишување на јавна набавка и за надградба на нов кат на објектот во централното градско подрачје за што веќе е комплетирана проектната документација и се обезбедени 23.500.000 денари од МТСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e