Непознати лица го обиле станот на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, која се наоѓа во Скопје.
Таравари за Либертас ја потврди информацијата и раскажа дека само вратата била скршена.
-Не успеале да влезат. Ништо не е украдено – додаде тој.
Според податоците, инцидентот се случил во саботата, додека случајот бил пријавен истиот ден.