Од денеска НУ “Центар за култура” Крива Паланка се стекна со нова опрема за осветлување за потребите на музичко-аренската и тетарска дејност на установата. Оваа опрема ќе ги подобри условите за работа на центарот, во кој покрај бројните настани кои се одржуваат во организација на самата општина, значителен е и бројот на настаните и манифестации со културно-забавен карактер. Токму за таа цел опремата ја набави Општина Крива Паланка.
Финансиските средства за истата беа обезбедени од продажбата на билетите на Меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски” организиран од општината во месец Септември минатата година. Застарената и, во добар дел, неисправна опрема со која Домот на културата располагаше до сега, конечно ќе замине во историјата. Токму таа претставуваше сериозен проблем за одржување на самиот фестивал. Општината заедно со организацискиот одбор на фестивалот беа иницијатори и одлучни поддржувачи за донесување на одлуката собраните средства да се инвестираат во нова функционална опрема.
Од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски” изјавија дека со вкупно собраните 61.000,00 Ден. е извршена набавка на миксета и ЛЕД рефлектор со сите неопходни приклучоци со што значително е подобрена состојбата и условите за непречено одвивање на активностите на центарот.