Денеска во Карпош, односно во населбата Влае 2, зазелени и инклузивното игралиште.
На просторот од почетокот на инклузивното игралиште, до платото „Делфина“ засадени се и нови, ниско украсни грмушки од типот на „BUXUS“ и „JUNIPERUS“.
Со новото зеленило се опкружува целото инклузивно игралиште кое е со намена да овозможи рекреација и за децата со попреченост, а со цел да се обезбеди поголема безбедност за најмладите, локалната самоуправа околу него постави заштитна ограда. Тоа е уште една зона за рекреација наменета за најмладите и нивните родители, дедовци и баби.
Ова е само доказ дека локалната самоуправа се стреми кон тоа да ги средува јавните површини, да создава катчиња кои ќе го поттикнуваат меѓугенерацискиот соживот, како и дружба.
Се повикува на правилно користење на реквизитите на сите игралишта, како и да се води сметка за заштита на животната средина и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци).