По повод Денот на ослободувањето на Кочани денеска се одржа свечена седница на Советот на општина Кочани на која присуствуваше и вицепремиерот за спречување корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Денеска се навршуваат 76 години од ослободување на Кочани, истакна Николовски.
„Ми беше особено задоволство што вечерва присуствував на свечената седница на Советот на општина Кочани, по повод Денот на ослободување на градот.
Упатувам голема благодарност до градоначалникот Николчо Илијев и до сите граѓани на Кочани, за доделената благодарница за финансиска поддршка во реализацијата на значајни проекти од интерес на граѓаните на општина Кочани. Голема e честа да се добие едно вакво признание директно од граѓаните, што е нашата најголема мотивација да работиме уште повеќе и посветено за развој на секоја наша општина“, посочи Николовски.