Николовски: Убаво е чувството кога со дела се покажува како се влече напред за својот крај

Убаво е чувството кога со дела се покажува како се влече напред за својот крај и за цела 🇲🇰.

85053348_1066127003753656_4197174300874113024_o

Горд сум на личната заложба, посветено време и работа на Владата во претходниот период за да денес во мојот роден крај започне реализацијата на терен на проектот за реконструкцијата и проширувањето на магистралниот пат Кр. Паланка – Деве Баир.

Вредноста на оваа нова инвестиција на Владата е над 10 милиони евра со грант од 🇪🇺 од околу 2 милиони €.

Работите опфаќаат рехабилитација на првите 2.6 км, во продолжение проширување на патот со нова трета лента, напуштање на трасата и во еден дел изградба на целосно нова траса, реконструкција на два постоечки мостови и изградба на четири сосема нови мостови.

Во 2018 год. Собранието донесе закон за заем кај Европската банка за обнова и развој, во 2019 год. Јавното претпријатие за државни патишта ја спроведе и заврши целата постапка и сега на почетокот на 2020 год. овој значаен проект за овој регион и целата земја започнува со реализација и треба да заврши за две години во целост.

Граѓаните паметат и знаат дека до пред две години овој наш регион беше заборавен и изолиран.

Со многу посветеност и поддршка денес тука се реализираат меѓународни, регионални и локални историски проекти тешки стотици милиони евра.

Се грижиме, помагаме но и инвестираме во инфраструктура за секој.

Затоа што секој е важен!

Зборот важи !

#НаПравПат

Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ

84876910_1515276818622323_3815242336917520384_n

84716355_1515276828622322_173176899600646144_n

84988793_1515276915288980_6351721778506629120_n

82264027_1066127210420302_7810881464999870464_o

84717171_1066127150420308_1155920624435068928_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e