Денес, Општина Крива Паланка и моите сограѓани добија финансиска поддршка од близу еден милион евра од Влада на Република Северна Македонија преку програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за следните проекти:
1. Изградба на пат од с.Конопница до црквата,
2. Изградба на пат во с.Трново,
3. Изградба на пат во Голема Црцорија,
4. Реконструкција на стариот пат до манастирот Св. Јоаким Осоговски и
4. Уредување на градски пазар.
#ЗборотВажи – напиша на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.