Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љипчо Николовски денеска беше на средба со жителите од населбата Три чешми во Штип.

Денеска разговаравме за тоа колку е важно на 15 јули да излезат на гласање и да се определат за иднина, за нова развојна економија. Ја препознаваат разликата и напредокот што се случи во државата, во последните три години, откако СДСМ ја води Владата. Прават споредби, свесни се колку приходи имале тогаш колку приходи имаат денеска. Многумина од оваа населба работат во штипските конфекции, велат покачувањето на минималната плата навистина поволно се почувствува. – рече Николовски пред штипјани.

Претходно беше замрзната на 9.000 денари, а сега е 14.500 денари. Во следниот мандат ќе ја покачиме до 20.000 денари. Парите ги враќаме кај граѓаните, затоа што се трошат домаќински. Пари имало и ќе има, разликата е во тоа како се планираат и трошат. – порача Николовски.

Затоа е важно сите заедно на 15 јули за да излеземе на гласање, за да го продолжиме патот по кој тргнавме. Патот на успехот, патот на економскиот напредок, патот кон правда, ред и дисциплина. Затоа што докажавме дека #можеме, а #можеме уште повеќе, #можеме уште подобро. – заклучи Николовски на средбата.

