Крива Паланка е мој град, наш град и ќе сториме се за нејзин развој, за среќни и ведри лица на нашите граѓани, работиме деноноќно за да ги исправиме неправдите,да ви помогнеме и да ги сослушаме вашите проблеми, порача министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, вечерва на средба со жителите на населбата Скрљава.
Тој посочи дека само во Крива Паланка и регионот се инвестираат над 500 милиони евра во изградба на патишта и железници и дека нема тука да се застане, туку напротив ќе се вложува уште повеќе во наредниот период.
– Сведоци сте дека вложивме многу, направивме тешки и неопходни компромиси и нашата земја конечно тргна напред. Светски лидери не признаа како нација, како држава, стоиме рамо до рамо со нив, местото на нашето знаме стои во НАТО, 11 земји членки ни ја дадоа поддршката а многу скоро тоа ќе го сторат и останатите земји членки. Патот кон стабилна држава е трасиран, нема да застанеме, извесен е веќе и датумот за преговори со ЕУ, со ова добиваме 900 милиони евра годишно за развој, повеќе можности и отворање на нови работни места, потенцира Николовски.
Во своето обраќање пред бројните жители министерот Николовски се осврна на претходната власт за која како што рече важни и биле тендерите и криминалот а не интересите на нејзините граѓани.
– Владата на Груевски не врати 30 години наназад, урна и уништи се што можеше да земе, владееше страв и несигурност кај граѓаните, за нивната сегашност и иднинината на нивните деца. Во нивните изјави слушаме дека ќе поништеле се што сме направиле досега а тоа ќе значи само проблеми и назадување. Како Мицковски и Силјановска зборуваат за економски просперитет кога со нивните постапки повторно ќе ја вратат земјата во изолација и без поддршка од меѓународната заедница. Затоа, сега го имате вистинскиот избор ние ви нудиме човек достоен за претседател, непоколеблив, свој, слободоумен со европски идеи,Стево Пендаровски за сигурна иднина и брз економски развој,истакна Николовски.
На присутните граѓани им се обрати и градоначалникот Борјанчо Мицевски кој рече дека изминативе десет години само Груевски и фамилијата оделе напред и дека сега конечно имаме луѓе кои знаат како треба да се води државата и кои се грижат за народот.
– Крива Паланка се гради, модернизира и инвестира во повеќе области како никогаш досега, благодарение на Владата која вложува максимални напори за подобрување на инфраструктруата во регионот, подобра социо економска состојба и инвестиции за нови работни места, рече пред насобраните граѓани, градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Покрај реализација на борјни проекти од голема интерес за граѓаните на Крива Паланка,градоначалникот Мицевски се осврна и на инвестициите во патната инфраструктура,асфалтирање на улици во градот и селата,уредувањето на Срљавски дол,инвестиции во водоводната мрежа,зголемување на бројот на возила за собирање на комуналниот смет каде за само еден месец се набавени 5 возила со што ќе се зголеми ефикасноста на ЈП Комуналец.
– Изминатиов период посетивме многу домови, многу семејства во сите делови на градот, ги слушавме вашите проблеми, забелешки сугестии.Сите со кои што разговаравме ни рекоа дека сакаат мир и просперитет посочувајќи ни дека оваа шанса е голема и не смееме да ја пропуштиме. Знаеме како беше во минатото и верувам дека не сакате да се повтори мракот и изолацијата кои ја држеа земјава изминатите десет години Груевски и фамилијата. Сега пред нас гледаме чесни,искрени,насмеани лица кои веќе не се плашат да излезат и да го кажат своето мислење,затоа и ние сме со вас да ве сослушаме и да ви помогнеме.Тоа може да биде само со вашиот глас Заедно да одиме напред со Стево Пендаровски и реден број 3,за кандидатот на СДСМ и Коалицијата,повика претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска.
Инаку утре се продолжува со акцијата „Општина без смет за поубав свет“ во населбите Баглак и Бавчалак, како и во реонот на станбените згради и „Стара чаршија“.Во исто време во соработка со ЈП „Македонски шуми“ ќе се спроведе акција за пошумување на опожарениот дел во населба Баглак над базенот за вода на висока зона десен брег.