“Крива Паланка доби уште еден крупен проект од Владата за кој силно се боревме. Близу 700.000 евра за нов лик на градскиот плоштад. Нека е аирлија! “- напиша на фејсбук, Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ.
Инаку, средствата се обезбедени во рамките на проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран со грант од Инструмент за претпристапна помош II на ЕУ (ИПА II) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија, администриран од страна на Светска Банка, преку доверителски фонд.