Кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, Владо Мисајлоски кој беше една година и министер за транспорт и врски очигледно не знае што се случувало во Ѓорче Петров изминативе 12 години, вели кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Александар Наумовски.
“ДПМНЕ и нивниот градоначалник Сокол Митровски ги изманипулираа граѓаните на Волково земајќи им по 500 евра за изградба на фекална канализација, а Мисајловски дрско лаже дека фекалната канализација ја започнале тие.
Мисајловски излажа кога рече дека таму работите стојат и дека тие ќе ги довршат. Нивниот градоначалник Митровски откако ги изманипулира граѓаните преку организирање на референдум за изградба на фекална канализација, истите дополнително ги оштети со тоа што место правилен, беше изработен целосно погрешен проект”, вели Наумовски.
Наумовски вели и дека канализацијата во општината уште се уште не е довршена, изведбата е отежната, а граѓаните останаа за 500 евра осиромашени.
Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Мисајловски се пофали дека за нив приоритет ќе бидат 33 неасфалтирани улици во урбаниот дел, но на функциите кои беше до неодамна, една година министер за Транспорт и Врски и еден мандат советник на општината, овие проекти не се реализираа, па врз основа на тоа граѓаните со право прашуваат каде се потрошени парите со оглед на тоа дека во овие 12 години општината имаше над 100 милиони евра буџет.
Новата локална власт, како што вели Наумовски од 15 октомври ќе направи целосна ревизија и ќе ја врати општината на граѓаните.
Заедно, Ѓорче ќе го направиме пристојно место за живеење, потенцираше Наумовски.