Наставничка од скопското основно училиште Гоце Делчев е позитивна на коронавирус, а во домашна изолација се 17 првачиња.
Директорката на училиштето вели дека по добивањето на резултатите, родителите на учениците веднаш биле известени.
Заразената наставничка последно настава држела во петокот, а според епидемиолошката анкета се заразила од член на нејзиното семејство, кој веќе бил позитивен.
Во изолација заврши уште една наставничка од истото училиште, но таа не е позитивна, а имала симптоми на настинка, ќе биде тестирана в сабота. Дезинфицирани се сите простории во училиштето.