Наставничка од основно училиште во Кавадарци е позитивна на корона вирус, а 14 првачиња на кои им предавала остануваат во изолација во наредните две недели пренесе Фокус. Сите мерки околу дезинфекција на училиштето биле преземени, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци. Покрај наставничката, во Кавадарци денес се регистрирани уште два случаи на вирусот, на возраст од 30 до 61 година, а во Неготино е позитивна жена на возраст од 31 година. Се работело на утврдување на нивните контакти.