-Наскоро патниот правец до нашиот најголем туристички потенцијал, манастирот Св.,,Јоаким Осoговски”, со целосно нов асфалтен слој во должина од 3км. Покрај рехабилитацијата на коловозната површина, санирани се сите свлечишта, поставена е нова банкина и извршено е проширување на коловозот на 6м долж целата траса, информираше градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Овие средства се дел од финансиската поддршка од близу еден милион евра кои Крива Паланка ги доби од Владата, преку програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одобрени во јуни 2019г, кога министер на земјоделство беше Љупчо Николовски.
Денес, Општина Крива Паланка и моите сограѓани добија финансиска поддршка од близу еден милион евра од Владата на Република Северна Македонија преку програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за следните проекти:
1. Изградба на пат од с.Конопница до црквата,
2. Изградба на пат во с.Трново,
3. Изградба на пат во Голема Црцорија,
4. Реконструкција на стариот пат до манастирот Св. Јоаким Осоговски и
4. Уредување на градски пазар.
#ЗборотВажи – напиша на Фејсбук, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.